вонреден професор
![]() |
|
| +389 (0)2 3116 328 / 126 | |
Вон. проф. д-р Александар Петровски, по дипломирањето на Архитектонскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, магистрира во 2013 год. во областа на пасивното проектирање и енергетската ефикасност, a во 2017 година ги завршува докторските студии на Градежниот факултет во Скопје, во областа на методи за оцена на одржливоста на архитектонските проекти.
Во периодот од 2011 до 2017 година, е вработен како помлад асистент (до 2013 год.) и асистент на Архитектонскиот факултет во Скопје. Од 2017 е вработен како доцент, задолжен за наставата по предметите Архитектонски конструкции 1 и Одржлива архитектура. Во 2022 год. е избран во звањето вонреден професор и е одговорен наставник за предметите Одржлива архитектура, Архитектонски конструкции 1 и 2, како и Архитектонска физика. На третиот циклус студии одржува настава по Одржливо архитектонско проектирање и Циркуларна економија во архитектурата.
Автор е на учебник по архитектонски конструкции и 5 скрипти. Во научно-истражувачкиот домен е автор и ко-автор на повеќе од 40 трудови, од кои 16 се објавени во списанија со импакт фактор, a неговиот h-индекс заклучно со 2025 год. е 11.
Неговите истражувања се во областа на развој на методи и примена на стратегии за проектирање и оцена на одржливоста на објектите, циркуларната економија во архитектурата, енергетската ефикасност, процена на животниот циклус, партиципативно ко-проектирање и др. Раководител бил на неколку национални и меѓународни научно-истражувачки проекти реализирани со партнери од реномирани европски универзитети. Партнер и учесник е во повеќе од 10 меѓународни научно-истражувачки проекти од областа на одржливата архитектура.
Во стручно-апликативниот домен автор е на над 50 архитектонски проекти за станбени, деловни, индустриски и други видови објекти, како и на повеќе од 60 проекти за ентериерно уредување.
| Настава |
| Прв циклус на студии: |
| Архитектонски конструкции 1 и 2 |
| Архитектонска физика |
| Одржлива архитектура 1 и 2 |
| Втор циклус на студии: |
| Одржлива архитектура |
| Современи фасадни системи |
| Трет циклус на студии: |
| Одржливо архитектонско проектирање |
| Циркуларна економија во архитектурата |
