виш лаборант

  Filip Cenovski
+389 (0)2 3116 328 / 137
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 


М-р Филип Ценовски е роден во 1975 година во Скопје. Дипломирал во 2002 година на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На истиот факултет, во 2012 година ги завршил и магистерските студии. Докторанд е на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград, Република Србија.

Во периодот од 2003 до 2007 година работел во приватно друштво за проектирање, инженерство и производство во Скопје. На Архитектонскиот факултет – Скопје е вработен од 2007 година.

Покрај редовната наставна и педагошка работа при Институтот за графички комуникации, неговиот интерес е насочен кон истражувањето на нелинеарната геометрија во контекст на архитектонската теорија и пракса, како и кон проучувањето на генеративните системи што произлегуваат од теоријата на комплексност и нивната улога во развојот на (нови) проектантски (дизајн) стратегии во современата архитектура.

Како автор и коавтор, м-р Филип Ценовски работи на развој и реализација на архитектонски проекти, како и на домашни и меѓународни конкурсни проекти. Своите дела ги презентирал во Република Македонија и во странство (2005: Истанбул, РТ; 2005: Минск, РБР).

Учествувал на XII Венециско биенале за архитектура (Mostra di Architettura di Venezia), а работел и на професионална лектура и промоција на книги од областа на современата архитектура, меѓу кои 39-тото и 40-тото издание на „Нојферт“ (Neufert).

 

Настава

 

Прв циклус на студии:
Нацртна геометрија
Компјутерски помогнато проектирање (BIM)
Изборен предмет: Напредни техники на архитектонско претставување