асистент
![]() |
|
| +389 (0)2 3116 328 / 114 | |
Доц. д-р Теа Дамјановска е родена во Охрид во 1992 година. Во 2017 година магистрирала на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со магистерскиот труд со наслов „Архитектонско сценарио за музеализација на стариот град во Охрид“, пријавен во рамки на темата „Архитектурата и новата музеологија: од музејска зграда до музејска територија“ под менторство на проф. д-р Мери Батакоја. Во 2026 година ги завршува докторските студии на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со одбрана на докторската дисертација на тема „Архитектура и место:
модернизам, регионализам и архитектурата на Охрид 1948-1991“ под менторство на проф. д-р Јован Ивановски.
Теа Дамјановска учествувала како автор или соработник во повеќе истражувачки проекти од национално значење, посветени на документирање и интерпретација на модернистичкото наследство во Скопје и пошироко во Македонија. Во рамки на овие проекти, активно придонесува во дизајнот и реализацијата на изложбени и мултимедиски поставки, презентирани во релевантни национални културни институции. Меѓу позначајните изложби се: Иднината како проект: Доксијадис во Скопје (Музеј на современата уметност - Скопје), Атлас на македонската модерна архитектура (Младински културен центар - Скопје), Улогата на жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје (Музеј на Македонија) и Скопските вертикали (Музеј на град Скопје). Во 2025 година е коавторка на македонскиот национален павилјон Strada Brutalissima на Венециското биенале на архитектура. Паралелно со академскиот ангажман, активно работи и во проектантската пракса. Во периодот 2018 - 2026 учествува на десет јавни архитектонски конкурси, за кои добива две први (реализирани) и четири втори награди.
| Настава |
| Прв циклус на студии: |
| Архитектонско студио 3 |
| Архитектонско студио 4 |
| Архитектонско проектирање 1 |
| Архитектонските модели како проектантска алатка |
| Архитектонски лекции од Македонија |
| Архитектонски лекции од Скопје |
| Втор циклус на студии: |
