асистент
![]() |
|
| +389 (0)2 3116 328 / 127 | |
Асистент м-р Теодора Михајловска е родена во Скопје на 12.1.1994 година. Во учебната 2012/2013 година се запишува на интегрираните петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура на Архитектонскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што студиите ги завршува со одбрана на магистерскиот труд на тема „Реквалификација на фрагментирана урбана територија на градот Скопје помеѓу Градскиот трговски центар и Транспортниот центар во Скопје“, со просечен успех 8,92.
Во периодот од 2017 до 2020 година работи во Студио 2000, каде по магистрирањето е вработена како дипломиран инженер архитект и активно учествува како соработник проектант во изработка на проектна документација. Во 2020 година е избрана за асистент од областа на архитектонското инженерство на Институтот за високоградба при Архитектонскиот факултет – Скопје, а во 2022 година е реизбрана во истото звање, на која позиција се наоѓа и денес.
Во октомври 2021 година се запишува на трет циклус студии на Архитектонскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, под менторство на проф. д-р Ана Тромбева-Гаврилоска. Нејзиниот научноистражувачки ангажман се одликува со континуирана активност, при што има објавено вкупно 19 научни трудови, од кои 8 се поврзани со темата на докторската дисертација; од нив, 2 се индексирани во Web of Science, а 6 во Scopus. Учествувала како член во 3 меѓународни научноистражувачки проекти и 1 ERASMUS проект, а како истражувач учествува во COST програмата.
| Настава |
| Прв циклус на студии: |
| Принципи на статиката |
| Јакост на материјалите |
| Носиви конструкции |
| Втор циклус на студии: |
| Проектирање на конструктивни системи 1 |
