асистент
![]() |
|
| +389 (0)2 3116 328 / 130 | |
Асс. м-р Марија Петрова е родена во Кочани во 1995 година. Студиите по архитектура ги започнува во 2014 година на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрира во 2020 година со трудот „Од фрагменти на маалска заедница до нова колективна заедница“. Докторските студии исто така ги продолжува под менторство на проф. д-р Минас Бакалчев на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во периодот од 2021 до 2026 година ја изработува докторската дисертација со наслов „Вертикалните форми на населување во македонските градови како просторен, социјален и конструктивен феномен – станбените кули од втората половина на XX-от век“.
За време на студирањето, во периодот од 2016 до 2020 година, работи како демонстратор и учествува во изведувањето на наставата по предметите Архитектонско студио 5.1, 6.1, 7.1, 8.1 и Интегративно студио 1. Во истиот период активно учествува во тимска работа на повеќе архитектонско-урбанистички конкурси, на кои тимот добива две први и две трети награди. Во 2020 година е избрана за асистент на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Учествува на 18. Меѓународна изложба на архитектура во Венеција како ко-куратор на изложбената поставка на националниот претставник „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа за архитектура во манастирот Свети Јоаким Осоговски, 1992–2017“.
Активно работи со поширок тим колеги на авторски изложби надвор од Скопје, меѓу кои се „Александар Гицов – Портрет на еден архитект“ во НУЦК „Бели Мугри“, Кочани (2023), и „Вертикални форми на населување на градот Велес“ во Ликовниот салон во Велес (2025).
Автор е на повеќе идејни и основни архитектонски проекти, како и на проекти за ентериерно уредување.
| Настава |
| Прв циклус на студии: |
| Архитектонски конструкции 1 |
| Архитектонски конструкции 2 |
| Архитектонски конструкции 3 |
| Архитектонски конструкции 4 |
| Архитектонски конструкции 5 |
| Архитектонски конструкции 6 |
| Менаџмент и организација на инвестициската изградба |
| Архитектонско студио 5.1 |
| Архитектонско студио 6.1 |
| Втор циклус на студии: |
| Архитектонско студио 7.1 |
| Архитектонско студио 8.1 |
| Интегративно студио 1 |
