асистент

  Sanja Avramovska
+389 (0)2 3116 328 / 129
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

pdf ОДЛУКА ЗА ЗВАЊЕ


Д-р Сања Аврамоска е родена во Кичево во 1993 година. Магистрира во 2018 година на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што ги завршува интегрираните петгодишни студии од прв и втор циклус. Докторските студии ги започнува во 2021 година на Архитектонскиот факултет при Техничкиот универзитет во Дармштад, Германија, каде во 2026 година ја одбранила дисертацијата „Evolution of Architectural Engineering and Infrastructural Baselines in the Riverfront: Tracing Processes and the Power Dynamics that Shaped Them – A Comparative Study of HafenCity, Neckarbogen, and 3Land Riverfront Redevelopments“.

Во периодот од септември 2020 до февруари 2021 година престојува на Техничкиот универзитет во Берлин, Германија, во рамки на програмата за развој на докторска дисертација на Глобалниот центар за просторни методи за урбана одржливост (GCSMUS), како стипендист на Германската служба за академска размена (DAAD). Во 2020 година е избрана за асистент на Архитектонскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Од март 2023 до февруари 2024 реализира истражувачки престој на Архитектонскиот факултет при Техничкиот Универзитет Дармштад, Германија, како добитник на MOE Fellowship – истражувачка стипендија од Германската федерална фондација за животна средина (DBU).

Во мај 2025 остварува наставна мобилност на Универзитетот Politecnico di Torino, Италија, во рамки на програмата TNE – Teaching и како дел од научноистражувачкиот проект SEE:4C – South-Eastern Europe: 4 Cities.

Нејзиното истражување се фокусира на инфраструктурните системи и архитектурата како инфраструктура, процесите на просторна трансформација на урбаната средина, одржливоста и отпорноста во архитектурата и градот, како и реконфигурацијата на урбаните речни фронтови.

Учествувала на 16. Меѓународна изложба на архитектура – La Biennale di Venezia. Во 2019 година добива почесно признание на Shinkenchiku Residential Design Competition. Во 2021 година станува учесник во Future Architecture Platform, а во 2022 година во LINA – European Architecture Platform.

 

Настава

 

Прв циклус на студии:
Архитектонски конструкции 1
Архитектонски конструкции 2
Архитектонски конструкции 3
Архитектонски конструкции 4
Архитектонски конструкции 5
Архитектонски конструкции 6
Менаџмент и организација на инвестициска градба

 

Втор циклус на студии:
Економија и управување со инвестициски проекти