редовен професор
Раководител на Институтот за графички комуникации
![]() |
|
| +389 (0)2 3116 328 / 137 | |
Проф. д-р Бојан Каранаков е роден во Скопје во 1975 год. Дипломира 1999 год. како најдобар студент на АФС од својата генерација за што е добитник на признание од УКИМ и на наградата Frank Harkort Maning. Магистрира 2008 год. и докторира 2013 год. на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. во областа Графички комуникации. Во 2000 год. е вработен на АФС во Институтот за Графички комуникации како помлад асистент и од тогаш ги поминува сите соработнички и наставни звања се до изборот во редовен професор во 2023 год.
Како стипендист на US States Department во 2007 год. остварил студиски престој на Колеџот за дизајн на ISU во Ames, Iowa како дел од JFDP – програма за развој на млади академски кадри во високото образование.
Проф. д-р Каранаков има широки истражувачки интереси како: графичките комуникации, нацртната геометрија, перспективата, пристапната архитектура, урбаната мобилност, компјутерските апликации во архитектурата, светлина во архитектурата и многу други. За време на својата над две-децениска академска кариера учествува на бројни научни конференции. Автор е на над 30 трудови публикувани во стручни и научни списанија и трудови претставени на бројни меѓународни стручни и научни конференции. Активно учествувал во бројни меѓународни стручни и научни проекти и мрежи и неколкукратно остварил меѓународна мобилност.
Автор е на електронско издание на „Практикум по Нацртна геометрија“ за студентите по архитектура (АФС - УКИМ, 2022).
Покрај својата педагошка работа во рамки на редовната настава на Факултетот еден мандат е продекан за наука и меѓународна соработка и еден мандат е продекан за настава. Во неколку наврати бил раководител на Институтот за графички комуникации и член на деканската управа на АФС, бил координатор за Еразмус + програмата на АФС и член е на Советот на Меѓународната летна школа за архитектура.
Член е на ААМ и на КОАИ. Во 2016 година бил претседател на Биеналето на македонската архитектура. Член е на уредувачкиот одбор на стручните списанија „Пресинг“ и „Дома“.
Проф. д-р Бојан Каранаков е активен и како овластен архитект проектант. Автор е коавтор на многубројни идејни, основни и изведени архитектонски проекти. Учествува и добива награди на бројни архитектонски конкурси. За неговиот изведен објект - отворена Летна сцена во Градски парк - „Коноид“ е добитник на наградата за најдобар Индустриски дизајн на XXI БИМАС-2023 и добитник на меѓународната награда BIGSEE во Љубљана, Словенија во категоријата најдобра структура од дрво во 2023 год.
Автор и учесник е на многубројни индивидуални и групни изложби меѓу кои: „Скопје - модели на град“ МГС (2014), „Skopje - Unseen City“ – UMPRUM (2015), Прага, Чешка и Подгорица, Црна Гора. Во 2014 е еден од авторите националниот павилјон на Р.Македонија на Венецијанското Биенале за архитектура.
Од страна на студентите на АФС во 202о год. добива признание како професор кој најдобро се справил со наставата за време на Ковид-пандемијата.
| Настава |
| Прв циклус на студии: |
| Нацртна Геометрија |
| Перспектива |
| Архитектонска графика |
| Втор циклус на студии: |
| Пристапна архитектура |
| Интегративно студио |
