доцент
Продекан за наука и меѓународна соработка

  Blagoja Bajkovski
+389 (0)2 3116 328 / 147
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

pdf ОДЛУКА ЗА ЗВАЊЕ


Доц. д-р Благоја Бајковски е роден во Скопје во 1983 година. По дипломирањето на Архитектонскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2014 година магистрира во областа на одржлива архитектура и урбанизам на Политехничкиот факултет во Милано, Италија. Како стипендист на италијанското Министерство за образование и истражување (MUR), во 2020 година ги завршува докторските студии на Факултетот за архитектура и територија при Универзитетот Медитеранеа во Реџо Калабрија, Италија, со дисертацијата „Operative Atlas of Brutalist Skopje: A Graphic Biography of 15 Architectures“.

Во периодот од 2013 до 2016 година, како помлад соработник учествува во изведувањето на наставата по предметите Архитектонско студио 1, 2 и 3 на Политехничкиот факултет во Милано (кампус Пјаченца), а од 2016 до 2020 година, како истражувач на Факултетот за архитектура и територија при Универзитетот Медитеранеа во Реџо Калабрија, е вклучен и во изведувањето на наставата по предметот Архитектонска композиција 2. Во 2020 година е избран за асистент на Архитектонскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје а во звањето доцент е избран во 2023 година.

Неговото истражување се фокусира на архитектонската типологија и композициските принципи, преку анализа на бруталистичката архитектура во постземјотресното Скопје. Тој бил раководител и коавтор на проектот и публикацијата 99FILES: Balkan Brutalism #Skopje, истражување посветено на бруталистичката архитектура на територијата на поранешна Југославија. Учествувал на 16. и 18. Меѓународна изложба на архитектура – La Biennale di Venezia, а е куратор и автор на Македонскиот павилјон на 19. Меѓународна изложба на архитектура – La Biennale di Venezia (2025), со проектот „Strada Brutalissima“.

 

Настава

 

Прв циклус на студии:
Архитектонско проектирање 1
Архитектонска анализа
Архитектонско студио 4

 

Втор циклус на студии:
Архитектонска композиција 1
Интегративно студио

 

Трет циклус на студии: